АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ: СОСЕМА ДРУГА СИТУАЦИЈА ЌЕ ИМАМЕ ПОНАТАМУ – ПОГЛЕДНЕТЕ!

Под влијание на значително потопла воздушна маса од јужните географски широчини во текот на следниот период времето во државава ќе биде стабилно, суво и релативно топло преку ден со позначително покачување на максималните дневни температури на воздухот кој на многу места ќе се искачат над 10 степени и истите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени додека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Само сеуште утре (втоник) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет.

Сепак и покрај високите дневни температури на воздухот наутро ќе биде релативно студено па така на некој места температурите на воздухот ќе се спуштаат под нулата.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ