ВО ПОНЕДЕЛНИК ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ! (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Во понеделник (23.10.2017) територијата на Македонија ќе биде зафатена од циклонска активност која ќе услови променливо облачно време на повеќе места со повремени врнежи од дожд и тоа повеќе во попладневните и вечерните часови.

Попладне и навечер особено во источните и во југоисточните предели ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално е можно и НЕВРЕМЕ со град. Исто така за време на ваквите процеси се очекува да наврне поголемо количество на воден талог (над 20 л/м2). Ќе дува умерен на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.

Ветерот навечер и ноќта кон вторник ќе го промени правецот во северен со што ќе започне спуштање на студен воздух од север и температурите на воздухот значително ќе опаднат па така на повисоките планини особено на северозападот врнежите од дожд ќе поминуваат во снег.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачат во интервалот од 15 до 23 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ