ДОАЃА ПРВИОТ ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Во овој момент од Медитеранот кон нашата територија веќе се приближува влажна воздушна маса па така веќе од запад облачноста започна да се зголемува па така во овие предели времето е веќе претежно облачно но сеуште суво. Од доцна попладнево најпрвин во западните, северозападните и во југозападните предели ќе има повремени врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник) ќе се прошират во поголемиот дел од државава.

Повеќе врнежи ќе има во северозападните, западните и во југозападните предели каде на некои места се очекува да наврнат околу 10 л/м2 воден талог. На другите места врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец додека температурата на воздухот ќе се искачува во интервалот од 19 до 27 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НИ НОСИ ПРВИОТ ДЕН ОД НОВАТА НЕДЕЛА

Првиот ден од новата работна недела (25.09.2017 – понеделник) ни носи многу променливо време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет додека повеќе врнежи ќе има во западните предели каде ќе има услови и за локална појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец кој на некои места ќе се засилува по интензитет.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 17 до 24 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ОБЛАЧНА МАСА НИ ДОАЃА ОД ЗАПАД: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ

Од запад кон нашата територија полека ни се приближува облачна воздушна маса што значи дека веќе од попладнево облачноста постепено ќе се зголемува и тоа најпрвин во западните а потоа и во останатите предели на државава.

Оваа облачна воздушна маса доцна попладне како и во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник) ќе услови повремени локални врнежи од дожд кој ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 19 до 27 степени.

Од денес дозна попладне и навечер па во следниот период задолжително доколку излегувате со себе да си понесете чадор затоа што пред нас е период со многу променливо време.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ