СПРЕМАЈТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА!

Како што веќе најавивме од утре (20.09.2017) ќе имаме промена на временската состојба кај нас па така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со повремен локален дожд претежно во западните предели. Врнежите не се очекува да бидат обилни и истите ќе бидат со слаб до умерен интензитет а понекаде можно е и со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец а не се исклучува можноста и за ретки грмежи.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 25 до 32 степени додека посвежо време ќе има во западните и во северните предели.

Голем пад на температурите ќе има во текот на утрешната ноќ и истите ќе паднат дури за околу 10 степени а на некои места и повеќе. Во четврток и натаму ќе имаме променливо време со повремени локални врнежи од дожд претежно во западната половина од државава а максимумот на температурите во четврток ќе се искачи во интервалот само од 15 до 24 степени.

Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее и малку снег.

Од петок ќе студени утра кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени а ова се однесува на тоа дека времето ќе се стабилизира и облачноста ќе се намалува.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ