СПРЕМАЈТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА!

Како што веќе најавивме од утре (20.09.2017) ќе имаме промена на временската состојба кај нас па така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со повремен локален дожд претежно во западните предели. Врнежите не се очекува да бидат обилни и истите ќе бидат со слаб до умерен интензитет а понекаде можно е и со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец а не се исклучува можноста и за ретки грмежи.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 25 до 32 степени додека посвежо време ќе има во западните и во северните предели.

Голем пад на температурите ќе има во текот на утрешната ноќ и истите ќе паднат дури за околу 10 степени а на некои места и повеќе. Во четврток и натаму ќе имаме променливо време со повремени локални врнежи од дожд претежно во западната половина од државава а максимумот на температурите во четврток ќе се искачи во интервалот само од 15 до 24 степени.

Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее и малку снег.

Од петок ќе студени утра кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени а ова се однесува на тоа дека времето ќе се стабилизира и облачноста ќе се намалува.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: ЈАДРАНСКОТО ПРИМОРЈЕ И ХРВАТСКА НЕКА СЕ ПОДГОТВАТ ЗА ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ!

Во следните 12тина часа особено Хрватска како и Јадранското приморје да бидат спремни и на локални поплави поради интензивните врнежи од дожд кој ги зафатија овие предели. Опасност од поплави има и во делови на Словенија додека на високите планини од оваа држава има обилни снежни врнежи каде веќе е формирана снежна покривка и владее вистинска снежна бајка.

Утре (20.09.2017) овие интензивни врнежи ќе ја зафатат и соседна Србија додека кај нас ќе стигнат со доста намален интензитет и ќе бидат локализирани. Сепак како што веќе најавивме температурите многу ќе опаднат а ги знаете и очекуваните вредности и тоа дека на највисоките планински врвови.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ЗИМСКА БАЈКА: ПРВ ОБИЛЕН СНЕГ НА ЕВРОСПКИТЕ АЛПИ И СЛОВЕНСКИТЕ ПЛАНИНИ

Веќе Европските како и Италијанските алпи уживаат во првиот ОБИЛЕН снег и вистинската снежна бајка. Освен овие места снег паѓа и на високит епланини во Словенија и тоа поточно на Триглав каде веќе и таму владее виздтинска снежна бајка и е формирана снежна покривка.

Во продолжени погледнете ги фотографиите од денешната снежна бајка која владее таму:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

СТУДЕНИОТ БРАН НАВЛЕЗЕ НА БАЛКАНОТ – СНЕГОТ ЗАПОЧНУВА НА СЛОВЕНСКИТЕ ПЛАНИНИ!

Студениот воздух веќе продре на северен Балкан а во моментов продира и во Хрватска и во Босна и Херцеговина па ќе се спушта понатаму кон југ и кај нас ќе стигне утре доцна попладне и навечер. Овој бран со себе нови врнежи од дожд а поради големиот пад на температурите на воздухот веќе на високите планини во Словенија започна да паѓа снег и е формирана снежна покривка. Освен во Словенија снег паѓа и на многу места од Алпските региони како и на Италијанските алпи.

Овој студен воздух кој се спушта од север и од северозапад понатаму можно е да донесе провејување на снег и на високите планини од Босна како и Црна Гора.

Не се исклучува можноста провејување на снег да има и на највисоките планински врвови од нашата држава и тоа во четврток.

Ќе има голем пад на температурите и веќе од петок минималните температури ќе бидат и рано зимски и речиси насекаде ќе се спуштат под 10 степени додека на некои места дури и под 5 степени а во Беровскиот регион и до близу нулата.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ