СТУДЕН БРАН ДОАЃА НА БАЛКАНОТ: МОЖНО ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Како што веќе најавивме значително постудениот воздух од север и од северозапад започна да го зафаќа најпрвин северен Балкан а понатаму ќе се спушта кон југ па така кај нас ќе сигне некаде среда навечер па така од четврток ќе имаме значително посвежо време и температурите на воздухот кај нас ќе паднат дури за околу па и заповеќе од 10 степени и истите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината. Исто така овој студен бран ќе донесе и врнежи од дожд во поголем дел од Балканот а кај нас повремени локални врнежи ќе има во среда и четврток.

Поради големиот пат на температурите на воздухот на високите планински места од Балканскиот Полусотров не се исклучува можноста за провејување на снег.

Има можност за слабо провејување на снег и на највисоките планински врвови во државава. Особено студено ќе биде од петок наутро кога речиси насекаде минималните температури на воздухот ќе паднат под 10 степени а на оние населени места каде што вообичаено е најсудено како што е Беровско истите ќе паднат и под 5 степени а има можност да се спуштат и блиску до нулата.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА И ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Почнувајќи од среда особено попладнето и вечерта од север и северозапад кон нашата територија ќе започне да се спушта значително постуден воздух а истиот ќе биде придружен со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Исто така од среда попладне па и во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб а понекаде и со умерен интензитет особено во западните предели а ќе има услови и за ретки грмежи.

Во среда иако посвежо во текот на денот сеуште ќе биде релативно топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени додека посвежо со пониски температури на воздухот ќе има во западните предели.

Значително пониски температури на воздухот ќе има во четврток кога максимумот на истите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Особено свежо па дури и студено во утринските часови ќе биде од петок кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени додека во Беровско истата е можно да се спуши и близу 0 степени.

Да напоменеме дека за време на овој студен бран не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее и малку снег.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО

Продолжува период на релативно топло и сончево време но веќе утре (19.09.2017) во текот на денот ќе има мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец кој ќе биде предзнак з апромена на времеската состојба од среда па натаму која ќе предизвика повремени врнежи и големо заладување но за ова детална и најнова анализа до крајот на денов.

Максимумот на температурите на воздухот денес ќе се искачат во интервалот од 27 до 36 степени доеека утре (вторник) од 26 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ТОРНАДО ВО СРБИЈА: РАЗОРНО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ГОЛЕМИ ШТЕТИ

Паднати дрвја, големи штети и паднати кровови. Таква е сликата во Соседна Србија од вчерашното страшно невреме кој го зафате северот и западот на оваа земја. Олујниот ветер кој дувал во овј дел на државата носел се пред себе и предизвикал големи материјални штети.

Страшниот олуен систем кој од Босна и Хрватска се преместуваше кон овој дел на државата освен олујни ветришта со себе носеше и поројни дождови, силни грмежи и град.

Во продолжение погледнете ги неколкуте застрашувачки видеа:

https://www.youtube.com/watch?v=GWpNlxsvhNk

 

https://www.youtube.com/watch?v=UVzWKBL8NGg

 

https://www.youtube.com/watch?v=UVzWKBL8NGg

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ