СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАЌА БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ – НА АЛПИТЕ СНЕГ!

Доцна вечерва Хрватска и Јадранот се зафатени од исклучително нестабилна воздушна маса која условува на многу места поројни врнежи, силни грмежи засилен ветер и интензивни врнежи од град (локално). Процесите се ИНТЕНЗИВНИ и проследени со силни и чести електрични празнења.

Понатаму оваа нестабилност ќе се шири и ќе навлегува во Босна а веќе утре попладне локално невреме ќе има и во соседна Србија кое исто така ќе биде проследено со поројни врнежи, силни и чести електрични празнења, засилен ветер и град.

Добро е тоа што ова невреме не се движи кон нашата територија па така некаде до вторник ќе уживаме во релативно топлото време а потоа доаѓа студен бран но нова и детална анализа околу ова наскоро.

Да напоменеме дека додека на Балканот беснее силно невреме на Европските алпи како и на алпите во Италија владе вистинска снежна бајка.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ДЕТАЛНА И ПРВИЧНА АНАЛИЗА: СТУДЕН БРАН ДОАЃА СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ВО МАКЕДОНИЈА

Според моменталните анализи со кој располагаме во текот на следнава недела поточно некаде од вторник па натака ќе започне постепен пад на температурите.

Најтопло ќе биде утре (недела) и во понеделник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени особено утре (недела) додека во понеделник истите ќе се искачат во интервалот од 28 до 36 степени додека на запад и на север ќе биде нешто посвежо.

Во вторник максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 25 до 33 степени.

Влажен бран кај нас треба да стигне во среда во текот на денот па најпрвин во западните предели а потоа и во останатите предели ќе предизвика врнежи од дожд кој на некои места особено во западните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и проследени со грмежи. Доцна попладне и навечер особено Долж Повардарието ќе започне да дува засилен северозападен ветер со што ќе дојде до голем пад на температурите на воздухот.

Во четврток под влијание на студен бран врнежите особено претпладнето продолжуваат а ќе дува и засилен ветер од западен и северозападен правец. Има можност поради големиот пад на температурите на воздухот во четврток на највисоките планински врвови да провее и СНЕГ.

Максимумот на температурите во четврток ќе се искачат во интервалот само од 12 до 20 степени додека на крајниот југоисток истите ќе се искачат малку над 20 степени.

Од петок стабилизација на времето но сеуште ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец а ќе остане и натаму значително свежо а рано наутро дури и студено.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ЗИМА КОЈА ЌЕ СЕ ПАМЕТИ – ЗИМА НА ВЕКОТ – 1929 ГОДИНА!

Зимата во далечната 1929 година ќе се памети како дефинитивно најстудената и најснежната низ цела Европа и целиот Балкански Полуостров.

Таа зима низ цела Европа и цел Балкан владееле екстремно ниски температури на воздухот кој неретко се спуштале и под -25 степени. Таа година во Солун се измерени рекордни -33 степени.

Најниска температура била измерена во Хелсинки и тоа дури -55 степени.

Таа зима поради екстремниот студ волците се спушале дури во населените места а на небото се појавила и поларната светлина и тоа кај нас на Балканот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

СТРАШНИ ВЕТРИШТА ВО ХОЛАНДИЈА НАПРАВИЈА ХАОС НА ХОЛАНДСКИОТ АЕРОДРОМ

Страшните ветришта во изминатите неколку денови што ја зафатија Холандија и кој се поврзани со Бурата од северното море направија хаос на Холандскиот аеродром. Се работи за тешко слетување на авионите на истиот аеродром а тоа можете да го погледнете на следното застрашувачко видео:

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2081145548775202/

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба во државава следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

АФРИКАНСКИ БРАН: МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА

Поради продорот на многу топол воздух од северните предели на Африка за време на овој викенд Македонија ќе биде во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА и тоа поради невообичаено високите температури на воздухот кој ќе бидат дури за 10 степени повисоки од нормалните.

Времето ќе биде сончево и многу топло додека утре (недела) ќе има умерена локална облачност а само на планинските места ќе има услови за сосема слаб, локален и краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен додека во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од: Денес (сабота) од 28 до 35 степени додека утре (недела) од 30 до 37 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ