НОВО: АНИМАЦИЈА НА ДВИЖЕЊЕТО НА ВОЗДУШНИТЕ МАСИ И СИТЕМИ КАЈ НАС И ВО ЕВРОПА

Почитувани граѓани одсега па натаму кај нас ќе можете да ги следите движењата на воздушните маси и системи кај нас и Европа со помош на анимацијата на нашиот нумерички модел GFS.

Со ова одиме уште еден голем чекор напред а вие слободно преку анимациите ќе можете да погледнете какво време ќе имаме во подолг временски период.

Во продолжени проследете ги анимациите преку нашиот нумерички модел GFS:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЈНОВА ВИКЕНД АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО

За време на овој викенд под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од јужните географски широчини (северните предели на Африка) времето ќе биде стабилно, сончево и многу топло. Утре (сабота) ќе дува слаб до умерен додека во недела умерен а во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец.

Поради силното југозападно струење на висина ќе се изврши транспорт на прашина и на песок од Сахара.

Во недела ќе има умерена локална облачност додека во планинските предели минимални се шансите за многу ретка појава на сосема слаб и краткотраен дожд.

Максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе се искачат над 30 степени и тоа особено во недела кога ќе се движат во интервалот од 30 до 30 степени и овие температури се дури за 10тина степени повисоки од нормалните.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

АНАЛИЗА: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДО КРАЈОТ НА ОВОЈ МЕСЕЦ

Според моменталните анализи со кој располагаме до самиот крај на оваа недела како што веќе најавивме ќе имаме надпросечни температури на воздухот кој за време на викендот кој доаѓа и тоа особено во недела ќе се искачат во интервалот од 30 до 37 степени. Мора да напоменеме дека овие температури се дури за 10 степени повисоки од нормалните.

Потоа во третата недела на септември ќе имаме далеку пониски температури на воздухот а че има денови кога ќе има засилен ветер од северен правец но и локална нестабилност што значи третата недела на овој месец ни носи значително посвежо време особено кон средината на истата.

Што се однесува до последната недела на овој месец би требало да имаме денови и со нешто повисоки температури на воздухот но истите не би биле премногу високи како што ќе бидат за време на овој викенд. Исто така се очекуваат и денови кога времето ќе биде нестабилно и со врнежи.

И покрај ова овој месец треба да помине гледано по температурите на воздухот во знакот околу просекот додека што се однесува до врнежите тие би биле нешто под просекот што значи помалку врнежи.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за нешто подолгорочна прогноза промени на истата се можни но секако доколку дојде до тоа навремено ќе бидете информирани. Ние будно ќе ја следиме ситуацијата 24/7.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЈАВА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ТРЕБА ДА ОЧЕКУВАМЕ ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните неколку денови поточно за време на викендот како и во понеделник поради силното југозападно струење на висина од Сахара кон територијата на државава ќе се врши транспорт на прашина и песок. Исто така токму од овие предели за викендот и во понеделник ќе продре МНОГУ ТОПОЛ воздух па така температурите на воздухот ќе бидат далеку над просекот. Најтопол ден ќе биде недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 30 до 37 степени.

Позначителен пад на температурите ќе има од вторник па натака но за ова детално анализирање на времето следува наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ