ОД ВИСТИНСКО ЛЕТО ДО СНЕЖНА БАЈКА – ПОГЛЕДНЕТЕ

Додека кај нас летото и Африканскит ебранови не попуштаат веќе на Европските и на Италијанските алпи снежните врнежи и минусните температури на воздухот и тоа како зачестија па овие места полека треба да започнат да се подготвуваат и за отворање на скијачката сезона затоа што веќе во следните денови снежната покривка на некои места ќе надмине дури и 50 сантиметри.

 

Кај нас позначителен пад на температурите треба д аимаме на почетокот на следната недела но околу ова наскоро ќе следува детална анализа на времето.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ЕКСКЛУЗИВНО: ИЗГЛЕДИ НА ВРЕМЕТО ЗА ЗИМА 2017/2018

Почитувани граѓани според моменталните анализи направени со помош на нашите и дефинитивно најдобри и најпрецисни метеоролошки модели во светот укажуваат на тоа дека зимата која ни доаѓа ќе биде во близина на просекот или малку потопла од просекот и тоа за 1 до 2 степени што не е ништо значително.

Со ова треба да заклучиме дека ќе има и потопли денови но и студените бранови нема да ни недостасуваат а со тоа и тоа како е можно да дојде до спуштање на многу студен воздух од североисточните предели на Европскиот Континент а тоа е Русија и да донесе многу ниски температури на воздухот до околу па и под -15 степени.

Што се однесува пак до врнежите тие исто така ќе бидат околу или малку под просекот па и со ова можеме да заклучиме дека врнежите нема многу да недостасуваат а со тоа секако дека е можно да дојде до формирање Средоземен или Медитерански циклон кој би предизвикал поинтензивни врнежи од дожд и снег, во завистност во која воздушна маса ќе се наоѓаме. Одсега гледано зимата која ни доаѓа не би требало да недостасуваат ни дождот а ни снегот.

Да напоменеме дека со оглед на тоа дека с еработи за доста долгорочна временска прогноза промени на истата се можни но ние и понатаму будно ќе ја следиме ситуацијата и навремено ќе ве информираме за секоја ново настаната ситуација.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА НА СЛАВЧО ПОПОСКИ: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ЌЕ ПРЕДИЗВИКА АФРИКАНСКИОТ БРАН

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека во следните неколку денови поточно до самиот крај на оваа недела територијата на државава ќе биде зафатена од Африкански бран кој ќе предизвика повторно многу топло времесо значително повиоки температури од просечните кој ќе бидат дури за 10 степени повисоки од нормалните.

Токму поради ова невообичаено топло време кое не е својствено за овој период од годината кај граѓаните посебно кај метеопатите можни се здравствени проблеми поточно појава на главоболка и мачнина како и тежина и повремена нервоза. Според моменталните анализи со кој располагаме голем пад на температурите ќе има на почетокот од наредната недела и според сегашните анализи температрите на воздухот ќе бидат далеку под просекот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ТЕМПЕРАТУРИ ЗА 10°C ПОВИСОКИ ОД ПРОСЕЧНИТЕ: АФРИКАНСКИ БРАН

До самиот крај на оваа недела поради продор на значително потопла воздушна маса од северните предели на Африка времето во државава ќе биде претежно сончево и МНОГУ ТОПЛО со значително повисоки температури од просечните и истите ќе бидат дури за 10тина степени повисоки од нормалните и насекаде ќе се искачат до околу 30 степени додека во централните и во југоисточнит епредели до крајот на оваа недела истите ќе се искачат до па дури и над 35 степени.

Според моменталните анализи промена на времето и голем пад на температурите на воздухот ќе имаме во почетокот на следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ