МАКЕДОНИЈА ПРЕД АФРИКАНСКИ БРАН (НОВА ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

До крајот на оваа недела територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сувоа и постепено се потопла воздушна масаа која продира од јужните географски широчини (северна Африка). Поради тоа времето ќе биде претежно сончево и се потопло. Утре (14.09.2017) ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој на некои места ќе се засилува по интензитет а од петок истиот ќе биде со слаб интензитет и од променлив правец.

Повторно ветер ќе имаме во недела кој ќе биде со умерен а во западните предели со засилен интензитет и од југозападен правец и ќе има мала до умерена локална облачност.

Максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 27 до 34 степени додека најтопло ќе биде за време на викендот и тоа особено во недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 30 до 37 степени.

Барем според моменталните анализи од вторник па натака ќе има поголем пад на температурите на воздухот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР

Денес (13.09.2017) во крајните западни предели ќе има повеќе облаци и особено претпладнево ќе има услови за сосема слаб и локален дожд а ќе дува и слаб до умерен вете рпретежно од западен правец кој во Пелагонија ќе се засилува по интензитет.

Максимумот во текот на денешниот ден ќе с еискачи во интервалот од 24 до 32 степени.

Од утре (14.09.2017) следува период на стабилно и суво време со многу повеќе сонце насекаде и со постепен пораст на температурите на воздухот а тоа е знак на нов топол Африкански бран.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ