НАЈНОВА АНАЛИЗА: ПО ЦИКЛОНОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА

По циклонот кој ни дојде од запад и кој на повеќе места предизвика врнежи и грмежи како и локално невреме со ветер, електрични празнења и град временската состојба понатаму постепено ќе се стабилизира иако сеуште само на крајниот запад од државава ќе има услови з асосема слаб локален дожд и тоа денес и во текот на ноќта која ни доаѓа. Потоа следува период на претежно стабилно и суво време со многу повеќе сонце но и со постепен пораст на температурите на воздухот кој на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени додека во централните и во југоисточните предели до околу 35 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ