МОЌЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: СТРАШНО НЕВРЕМЕ БЕСНЕЕШЕ ВО ДРЖАВАВА!

Страшно невреме во текот на вчерашниот понеделнички ден ја погоди нашата држава и тоа поради влијанието на моќниот циклон кој ни пристигна од запад. Најсилно невремето беше во западната половина на државава а потоа и во Скопската котлина додека кон исток процесите беа далеку со послаб интензитет и локални.

Невремето предизвика големи штети околу земјоделските култури и тоа најмногу во Пелагониско и во Преспа. Сепак најоштетени земјоделски култури има во селото Трновци во Битолско. Во следните денови сепа ќе имаме далеку постабилно време со многу повеќе сонце и со постепен пораст на температурите на воздухот.

Во продолжение погледнете ја следната фотографија која доаѓа од вчерашното силно невреме во Скопје:

фОТО: Ѓорѓи и Сашо Личовски

Големи штети од градот во Трновци – Битолско:

Невреме и во Охрид – видео:

https://www.facebook.com/blagojce.cavkoski.5/videos/10212298109100608

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ