ЛЕТОТО НЕ ПОПУШТА: АФРИКАНСКИ БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА!

Во текот на следните неколку денови како што најавивме временската состојба кај нас ќе се стабилизира па така ќе следува период на претежно стабилно, суво и се потопло време со пораст на дневните температури на воздухот. Само утре рано наутро и претпладне во крајниоте западни предели ќе има повеќе облаќност и услови за слаби локалени врнежи од дожд.

Утре (среда) ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец кој особено во Пелагонија ќе засилува по интензитет додека во четврток истиот ќе биде претежно од јужен правец и повторно на некои места ќе се засилува по интензитет. Потоа ветерот ќе биде слаб и од променлив правец.

Максималните дневни температури од ден на ден ќе бидат се повисоки и на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени. Најтопло ќе биде за време на викендот кој доаѓа кога максимумот на температурите на воздухот ќе се искачи во интервалот од 28 до 36 степени и тоа особено во денот недела.

Според моменталните анализи со кој располагаме во недела ќе дува засилен ветер од југозападен правец кој ќе биде знак на нова промена на времето на почетокот на следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ