ЛЕТОТО НЕ ПОПУШТА: АФРИКАНСКИ БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА!

Во текот на следните неколку денови како што најавивме временската состојба кај нас ќе се стабилизира па така ќе следува период на претежно стабилно, суво и се потопло време со пораст на дневните температури на воздухот. Само утре рано наутро и претпладне во крајниоте западни предели ќе има повеќе облаќност и услови за слаби локалени врнежи од дожд.

Утре (среда) ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец кој особено во Пелагонија ќе засилува по интензитет додека во четврток истиот ќе биде претежно од јужен правец и повторно на некои места ќе се засилува по интензитет. Потоа ветерот ќе биде слаб и од променлив правец.

Максималните дневни температури од ден на ден ќе бидат се повисоки и на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени. Најтопло ќе биде за време на викендот кој доаѓа кога максимумот на температурите на воздухот ќе се искачи во интервалот од 28 до 36 степени и тоа особено во денот недела.

Според моменталните анализи со кој располагаме во недела ќе дува засилен ветер од југозападен правец кој ќе биде знак на нова промена на времето на почетокот на следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

МОЌЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: СТРАШНО НЕВРЕМЕ БЕСНЕЕШЕ ВО ДРЖАВАВА!

Страшно невреме во текот на вчерашниот понеделнички ден ја погоди нашата држава и тоа поради влијанието на моќниот циклон кој ни пристигна од запад. Најсилно невремето беше во западната половина на државава а потоа и во Скопската котлина додека кон исток процесите беа далеку со послаб интензитет и локални.

Невремето предизвика големи штети околу земјоделските култури и тоа најмногу во Пелагониско и во Преспа. Сепак најоштетени земјоделски култури има во селото Трновци во Битолско. Во следните денови сепа ќе имаме далеку постабилно време со многу повеќе сонце и со постепен пораст на температурите на воздухот.

Во продолжение погледнете ја следната фотографија која доаѓа од вчерашното силно невреме во Скопје:

фОТО: Ѓорѓи и Сашо Личовски

Големи штети од градот во Трновци – Битолско:

Невреме и во Охрид – видео:

https://www.facebook.com/blagojce.cavkoski.5/videos/10212298109100608

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

СТРАШНО НЕВРЕМЕ БЕСНЕЕШЕ ВО БИТОЛСКО – НАПРАВИ ГОЛЕМИ ШТЕТИ ВРЗ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО!

Циклонот од запад кој во текот на вчерашниот ден (понеделник) јазафати Македонија услови развој на олујни системи кој во Битолскиот регион предизвикаа страшно невреме проследено со интензивни поројни врнежи од дожд и град како и силкни електрични празнења и силен ветер.

Интензивните врнежи од град предизвикаа и големи штети врз земјоделието во селото Трновци. Тоа можете да го погледнете на следните неколку фотографии подолу:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ПО ЦИКЛОНОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА

По циклонот кој ни дојде од запад и кој на повеќе места предизвика врнежи и грмежи како и локално невреме со ветер, електрични празнења и град временската состојба понатаму постепено ќе се стабилизира иако сеуште само на крајниот запад од државава ќе има услови з асосема слаб локален дожд и тоа денес и во текот на ноќта која ни доаѓа. Потоа следува период на претежно стабилно и суво време со многу повеќе сонце но и со постепен пораст на температурите на воздухот кој на повеќе места ќе се искачат до околу 30 степени додека во централните и во југоисточните предели до околу 35 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ