ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: НА МНОГУ МЕСТА ВРНЕЖИ, ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА,ВЕТЕР И ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ГРАД!

Циклонот од запад е веќе над Македонија па така најпрвин ги зафати западните и југозападните предели каде предизвика поројни врнежи од дожд, електрични празнења и засилен ветер од јужен правец. Локално е забележана и појава на град.

Моментално нестабилно е во Скопско и во централна Македонија а понатаму истата ќе продолжи кон исток па локално и во источните предели ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можна е и локална појава на град како и електрични празнења.

На горната фотографија погледнете каде моментално се наоѓа нестабилност.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ