ЦИКЛОНОТ ДОАЃА!

Под влијание на циклон од запад во текот на овие попладневни часови од запад облачноста ќе започне да се зголемува и веќе од доцните попладневни часови како и навечер најпрвин во западните предели а потоа и кон источните предели на повеќе места ќе има врнежи од дожд и грмежи а ќе започне да дува и засилен јужен ветер и тоа поради големата различност на воздушниот притисок на кратко растојание.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Максимумот на температурата ќе се искачи во интервалот од 28 до 34 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, да не се зборува на мобилен телефон додека за време на електричните празнења претстојувате на отворено додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ