ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: НА МНОГУ МЕСТА ВРНЕЖИ, ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА,ВЕТЕР И ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ГРАД!

Циклонот од запад е веќе над Македонија па така најпрвин ги зафати западните и југозападните предели каде предизвика поројни врнежи од дожд, електрични празнења и засилен ветер од јужен правец. Локално е забележана и појава на град.

Моментално нестабилно е во Скопско и во централна Македонија а понатаму истата ќе продолжи кон исток па локално и во источните предели ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можна е и локална појава на град како и електрични празнења.

На горната фотографија погледнете каде моментално се наоѓа нестабилност.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ЦИКЛОНОТ ОД ЗАПАД ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА! ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ТОЧНО Е ИСТИОТ

Почитувани граѓани на горната фотографија можете да погледнете каде моментално се наоѓа циклонот од запад кој е се поблиску до нас и кој веќе започна да навлегува во нашата држава.

Веќе добро вие познато што точно ќе донесе овој циклон и како ќе се движи кај нас.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, да не се зборува на мобилен телефон доколку сте на отворено додека овчарите своите стада д аги делат во помали групи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ЗА СИТЕ ВАС И ПО ВАШЕ БАРАЊЕ: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЌЕ СЕ ДВИЖИ ЦИКЛОНОТ КАЈ НАС

Почитувани граѓани сите од вас ги интересира како ќе се движи циклонот кој од час на час е се поблиску до нас и ќе започне да не зафаќа за некој час.

Како ќе се движи циклонот кој веќе вие познато што ќе ни донесе можете да погледнете на следниот линк кој е направен со помош на нашиот нумерички модел GFS:

ЦИКЛОНОТ ДОАЃА!

Под влијание на циклон од запад во текот на овие попладневни часови од запад облачноста ќе започне да се зголемува и веќе од доцните попладневни часови како и навечер најпрвин во западните предели а потоа и кон источните предели на повеќе места ќе има врнежи од дожд и грмежи а ќе започне да дува и засилен јужен ветер и тоа поради големата различност на воздушниот притисок на кратко растојание.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Максимумот на температурата ќе се искачи во интервалот од 28 до 34 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, да не се зборува на мобилен телефон додека за време на електричните празнења претстојувате на отворено додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА БУРИ!

Почитувани граѓани поради циклонот и промената на времето која ни се приближува и која ќе пристигне денес доцна попладне и навечер предупредување издаде и Европскиот центар за бури.

Тој предупредува дека кај нас на многу места може да с еочекуваат врнежи и грмежи а поради разликата на воздушниот притисок и засилен ветер од јужен правец. Локално процесите ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Најнова анализа околу оваа ситуација следува за многу скоро време.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ