НОВ ЦИКЛОН СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН МАКЕДОНИЈА (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Утре (11.09.2017) времето во државава во претпладневните часови ќе биде сончево и топло. Меѓутоа од попладневните часови ќе почнеме да подпаѓаме под влијание на циклонска активност од запад па така облачноста ќе започне да се зголемува и времето ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи на многу места и тоа претежно во западните предели. Навечер врнежите од запад полека ќе се поместуваат кон исток.

Локално можно е НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ