МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА: ЦИКЛОН!

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека утре доцна попладне и навечер следува нов циклон и нова промена на времеската состојба кај нас која ја најавивме уште пред неколку дена целата територија на Македонија влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА и тоа поради: Врнежите од дожд кој доцна попладнето и вечерта најпрвин ќе ги зафатат западните предели а потоа ќе се преместуваат кон исток., ови врнежи ќе бидат проследени со грмежи, поради разликата на воздушниот притисок ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 28 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: СТРАШНИОТ УРАГАН ИРМА ЈА ПОГОДИ ФЛОРИДА!

Почитувани граѓани на следниот линк можете во живо да го следете страшниот ураган ИРМА кој во моментов ја погодува Флорида:

https://www.facebook.com/wpbf25news/videos/10155749658249314/

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

НОВ ЦИКЛОН СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН МАКЕДОНИЈА (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Утре (11.09.2017) времето во државава во претпладневните часови ќе биде сончево и топло. Меѓутоа од попладневните часови ќе почнеме да подпаѓаме под влијание на циклонска активност од запад па така облачноста ќе започне да се зголемува и времето ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи на многу места и тоа претежно во западните предели. Навечер врнежите од запад полека ќе се поместуваат кон исток.

Локално можно е НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Ќе дува засилен ветер од јужен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ЕКСКЛУЗИВНО: СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО ТУКА: УРАГАНОТ ИРМА ЈА ЗАФАЌА ФЛОРИДА!

Почитувани граѓани како што веќе и најавивме пред неколку дена од денес (10.09.2017) на удар на страшниот ураган ИРМА е Флорида. Следете ја ситуацијата во живо на следниот линк:

https://www.facebook.com/FoxNews/videos/10155957823331336/

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО

Под влијание на стабилна, сува и потопла воздушна маса од југ до крајот на денешниот ден (недела) како и во поголемиот дел од утрешниот ден 9понеделник) времето ќе биде стабилно, суво и топло односно претежно сончево со мала локална облачност.

Денес ќе дува слаб до умерен а утре (понеделник) поради новата промена на времето која ќе пристигне доцна попладнето ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Детална анализа на времето околу ова ќе следува наскоро.

Максимумот на дневните температури на воздухот денес ќе се искачи во интервалот од 26 степени додека утре (понеделник) од 27 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ