ЦИКЛОН НОСИ УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

До крајот на денешниот ден (09.09.2017) под влијание на циклонска активност од Медитеранот времето во државава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални поројни врнежи од дожд проследени со грмежи. Овие врнежи од запад постепено ќе се поместуваат кон источните предели.

Локално процесите можно е д абидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 24 до 31 степен.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ