ПО ДЕНЕШНИТЕ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА ПОНАТАМУ

Во текот на оваа ноќ атмосферата над Македонија и циклонската активност ќе помине па така ќе има стабилизирање на времето и намалување на облачноста а ветерот од јужен правец постепено ќе ја намалува својата брзина.

Утре (10.09.2017) времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 26 до 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ