ВО ЖИВО СЛЕДЕЊЕ НА ВРЕМЕТО: НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

Во овој момент поради влијанието на циклонската активност од Медитеранот нестабилност на повеќе места има во крајните западни и северозападни предели како и западно од Скопско, потоа на повеќе места во југоисточните и источните предели.

Според моменталниот развој на облаците локално се забележува појава на град како и електрични празнења и нормално засилен ветер.

Понатаму продолжува променливото и нестабилно време со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер а локално можно е и НЕВРЕМЕ сдо град и електрични празнења.

На многу места ќе продолжи да дува засилен ветер од јужен правец.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ