ЦИКЛОН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ДОЖД, ГРМЕЖИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И УСЛОВИ ЗА НЕВРЕМЕ!

Како што веќе најавивме уште од претстојната ноќ кон раните утрински часови територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на циклонска активност од Медитеранот која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локални поројни врнежи од дожд најпрвин во западната половина на државава но веќе утре (сабота) во текот на денот полека од запад врнежите ќе с епоместуваат кон исток а ќе дува и засилен ветер од јужен правец.

Локално ќе има услови за ПОИТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој може да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Температурите на воздухот ќе имаат тенденција на опаѓање па така утре (09.09.2017) ќе се искачат во интервалот од 20 до 28 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ