ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА КАЈ НАС!

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот од вечерва особено ноќта кон утрешниот ден (сабота) следува промена на временската состојба кај нас. Времето ќе биде променливо облачно, локално и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи особено во западната половина на државава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој во зоната на нестабилноста ќе се засилува по интензитет. Утре веќе (сабота) ветерот ќе засилува на повеќе места по својот интензитет.

Денес максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 25 до 32 степени додека утре (сабота) ќе се искачи во интервалот од 21 до 29 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ