ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА ВО ДЕНОТ САБОТА

Во денот сабота (09.09.2017) уште од рано наутро времето во државава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд особено во западната половина. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со грмежи.

И во текот на денот сабота ќе продолжи променливото време со локални врнежи од дожд а ќе има услови и за нестабилност проследена со грмежи. Ќе дува умерен до засилен вете род јужен правец додека максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен додека нешто посвежо ќе биде во западните предели.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ