ВО ЖИВО ГО СЛЕДИМЕ ВРЕМЕТО: ПРОМЕНАТА ДОАЃА!

Циклонската активност која е се поблиску до нас и истата е западно од нас а тоа можете да го погледнете на горната сателитска слика во текот на оваа ноќ ќе предизвика промена на временската состојба кај нас.

Особено во втората половина на оваа ноќ кон раните утрински часови на утрешниот ден (сабота) како и во текот на денот времето ќе бид епроменливо облачно и нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен јужен ветер.

Во текот на утрешниот ден (09.09.2017) врнежите од запад постепено ќе се поместуваат и кон источните предлеи на државава. Локално можни се ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси и истите може да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ