ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА КАЈ НАС!

Денес (08.09.2017) во текот на предпладневните часови во нашата држава ќе се задржи сончево и топло време со умерена локална облачност меѓутоа во попладневните часови облачност ќе се зголеми и особено во западната половина ќе има услови за локален дожд и услови за ретки грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 26 до 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД: ВО ЖИВО СЛЕДЕЊЕ НА СТРАШНИОТ УРАГАН ИРМА

Почитувани наши граѓани кои се наоѓате во САД и оние кој планираат викендов да планираат токму таму една многу важна информација и серизоно предупредување: Страшниот ураган со име ИРМА кој е е дефинитивно најсилниот досега забележан во САД и кој се формираше над Атлантикот полека од јужните предели на САД ќе се преместува кон источните и југоисточните предлеи па така за време на овој викенд ќе стигне некаде до источните предели на Флорида.

Со себе носи многу обилни врнежи од дожд, грмежи и урагански ветрови до околу па дури и над 200 км/час па големи се шансите да предизвика и големи штети како и локални поплави.

Се предупредуваат македонците кои се наоѓаат во САД и оние кој токму за време на овој викен планираат да патуваат таму да бидат крајно предпазливи и доколку дојдат до судир на овој страшен ураган многу добро да се засилнат и во никој случај да не излегуваат на отворен простор и д афи слушаат советите на тамошната влада и институциите.

Во продолжение погледнете ја анимацијата и движењето на страшниот ураган ИРМА:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба кај нас следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ПОСТЕПЕНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО!

До крајот на денешниот ден ќе се заджи претежно сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре (08.09.2017) времето ќе се задржи сончево време со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Меѓутоа доцна попладне и навечер во западните предели ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ