АНАЛИЗА ОКОЛУ ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО ЗА ВИКЕНДОТ!

Како што веќе најавивме утре (07.09.2017) ќе има умерена облачнос. Во петок ќе продолжи сончевото време со умерена облачност но во доцните попладневни часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и услови за грмежи во западните планински предели и на оние места кој се во близина на планините.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во сабота веќе времето во државава ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западнат аполовина. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со грмежи а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите на воздухот нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени. Стабилизирање на времето ќе има во недела додека во понеделник се очекува нов влажен бран да ја зафати нашата држава но за ова детални информации наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ