ЕКСКЛУЗИВНО: ВИДЕА ОД СТРАШНИОТ УРАГАН ИРМА

Следуваат страшни видеа од МОЌНИОТ ураган ИРМА кој веќе ја зафаќа јужна Америка и ќе помине преку источна и југоисточна Америка со што ќе ја зафати и Флорида:

https://www.facebook.com/severeworldweather/videos/1443356555740078/

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2077058585850565/

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2076895395866884/

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба кај нас следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

 

 

 

АНАЛИЗА ОКОЛУ ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО ЗА ВИКЕНДОТ!

Како што веќе најавивме утре (07.09.2017) ќе има умерена облачнос. Во петок ќе продолжи сончевото време со умерена облачност но во доцните попладневни часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и услови за грмежи во западните планински предели и на оние места кој се во близина на планините.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во сабота веќе времето во државава ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западнат аполовина. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со грмежи а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите на воздухот нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени. Стабилизирање на времето ќе има во недела додека во понеделник се очекува нов влажен бран да ја зафати нашата држава но за ова детални информации наскоро.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ЗИМА: ВО БЕРОВО ИЗМЕРЕНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 1.7 °C!

Денес рано наутро поради разведрувањето кое се случи но и поради дополнителниот продор на студен воздух од север во Македонија на многу места минималните температури на воздухот се спуштија под 10°C. Најстудено беше во Берово каде температурата се спушти дури до зимски 1.7°C.

Во ваква ситуација факт е дека полека но сигурно веќе летото и летните температури заминуваат.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛВОВ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ И УТРЕ (ЧЕТВРТОК)

До крајот на денешниот ден како и утре (07.09.2017) времето во нашата држава ќе биде претежно сончево и потопло преку ден но во текот на утрешниот ден (четврток) ќе има умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и југозападен правец.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени додека максималните температури утре (четврток) ќе с еискачат во интервалот од 26 до 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ