НАЈАВА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА ШТО ДА СЕ ПРИПРЕМИТЕ

По денешниот нестабилен неделен ден кој на повеќе места донесе врнежи од утре (04.09.2017) следува период на стабилно, суво но посвежо време. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот на повеќе места ќе паднат до околу 10 степени а локално дури и под 10 степени додека максималните дневни температури на многу места ќе се искачат до околу 25 степени а локално и под 25 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат до околу 28 степени.