БРУТАЛНО НЕВРЕМЕ ПУСТОШЕШЕ ВО БЕЛГРАД!

Саботата на 2ри септемви како што најавивме Балканот беше зафатен од ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ па така на повеќе места во Босна, Србија и во Хрватска се забелеѓани силно олујни системи па дури и Суперќелијски облаци па на многу места токму ова предизвика интензивни поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и град.

На горната фотографија можете да погледнете како изгледаше околината на Белград за време на невремето.

Во продолжение погледнете го и видеото кое доаѓа токму од Белград од страшното невреме:

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2074877542735336/

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОНАТАМУ ОД ВРЕМЕТО:

Следува период на претежно стабилно, суво но пријатно топло време преку ден додека наутро ќе биде значително свежо. Само утре (05.09.2017) во планинските предели ќе има услови за сосема краткотраен и локален дожд.

Утре (вторник) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени додека од среда истите ќе имаат тенденција на пораст но нема да биде пеколно топло.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЈАВА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА ШТО ДА СЕ ПРИПРЕМИТЕ

По денешниот нестабилен неделен ден кој на повеќе места донесе врнежи од утре (04.09.2017) следува период на стабилно, суво но посвежо време. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот на повеќе места ќе паднат до околу 10 степени а локално дури и под 10 степени додека максималните дневни температури на многу места ќе се искачат до околу 25 степени а локално и под 25 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат до околу 28 степени.