НАЈНОВА АНАЛИЗА: 24/7 ЗА ВАС!

Како што веќе најавивме денешниот саботен ден ни носи претежно стабилно, сончево и многу топло време попладне со умерена локална облачност кога само во планинските предели има мали услови за сосема краткотраен локален дожд.

Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

Утре (03.09.2017) ќе дува ѕасилен ветер и тоа во ѕападните предели од југоѕападен и ѕападен правец додека во источните предели од јужен правец а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со повремен локален дожд и услови за појава на грмежи.

Локално особено во попладневните часови ќе има услови за поинтенѕивни атмосферски процеси особено во источните предели каде ќе има услови ѕа локална појава на град. Максималните температури на воѕдухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степенидодека во западните предели ќе биде нешто посвежо.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ