НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО!

Како што веќе најавивме утре (03.09.2017) во нашата држава ќе дува засилен ветер од југозападен и од западен правец а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд и услови за појава на грмежи.

Во попладневните часови најмногу на истокот од државава ќе има услови локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и град.

Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени додека посвежо ќе биде во ѕападните предели.

За нови, детални и по потреба обновени прогнози околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ