НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО!

Денес (02.09.2017) поради веќе споменатиот Африкански бран времето во нашата држава ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност во попладневните часови кога ќе има мали услови за сосема краткотрен дожд во планинските предели. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен додека во источните предели од јужен правец и истиот локално и повремено ќе се засилува по интензитет.

Во недела (03.09.2017) ќе дува засилен ветер и тоа во западните предели од југозападен додека во источните предели од јужен правец а времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд а локално ќе има услови и за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Денес (сабота) максимумот на температурите ќе се искачи во интервалот од 30 до 37 степени додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ