СПРЕМАЈТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА!

Како што веќе најавивме од утре (20.09.2017) ќе имаме промена на временската состојба кај нас па така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со повремен локален дожд претежно во западните предели. Врнежите не се очекува да бидат обилни и истите ќе бидат со слаб до умерен интензитет а понекаде можно е и со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец а не се исклучува можноста и за ретки грмежи.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 25 до 32 степени додека посвежо време ќе има во западните и во северните предели.

Голем пад на температурите ќе има во текот на утрешната ноќ и истите ќе паднат дури за околу 10 степени а на некои места и повеќе. Во четврток и натаму ќе имаме променливо време со повремени локални врнежи од дожд претежно во западната половина од државава а максимумот на температурите во четврток ќе се искачи во интервалот само од 15 до 24 степени.

Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее и малку снег.

Од петок ќе студени утра кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени а ова се однесува на тоа дека времето ќе се стабилизира и облачноста ќе се намалува.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: ЈАДРАНСКОТО ПРИМОРЈЕ И ХРВАТСКА НЕКА СЕ ПОДГОТВАТ ЗА ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ!

Во следните 12тина часа особено Хрватска како и Јадранското приморје да бидат спремни и на локални поплави поради интензивните врнежи од дожд кој ги зафатија овие предели. Опасност од поплави има и во делови на Словенија додека на високите планини од оваа држава има обилни снежни врнежи каде веќе е формирана снежна покривка и владее вистинска снежна бајка.

Утре (20.09.2017) овие интензивни врнежи ќе ја зафатат и соседна Србија додека кај нас ќе стигнат со доста намален интензитет и ќе бидат локализирани. Сепак како што веќе најавивме температурите многу ќе опаднат а ги знаете и очекуваните вредности и тоа дека на највисоките планински врвови.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ЗИМСКА БАЈКА: ПРВ ОБИЛЕН СНЕГ НА ЕВРОСПКИТЕ АЛПИ И СЛОВЕНСКИТЕ ПЛАНИНИ

Веќе Европските како и Италијанските алпи уживаат во првиот ОБИЛЕН снег и вистинската снежна бајка. Освен овие места снег паѓа и на високит епланини во Словенија и тоа поточно на Триглав каде веќе и таму владее виздтинска снежна бајка и е формирана снежна покривка.

Во продолжени погледнете ги фотографиите од денешната снежна бајка која владее таму:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

СТУДЕНИОТ БРАН НАВЛЕЗЕ НА БАЛКАНОТ – СНЕГОТ ЗАПОЧНУВА НА СЛОВЕНСКИТЕ ПЛАНИНИ!

Студениот воздух веќе продре на северен Балкан а во моментов продира и во Хрватска и во Босна и Херцеговина па ќе се спушта понатаму кон југ и кај нас ќе стигне утре доцна попладне и навечер. Овој бран со себе нови врнежи од дожд а поради големиот пад на температурите на воздухот веќе на високите планини во Словенија започна да паѓа снег и е формирана снежна покривка. Освен во Словенија снег паѓа и на многу места од Алпските региони како и на Италијанските алпи.

Овој студен воздух кој се спушта од север и од северозапад понатаму можно е да донесе провејување на снег и на високите планини од Босна како и Црна Гора.

Не се исклучува можноста провејување на снег да има и на највисоките планински врвови од нашата држава и тоа во четврток.

Ќе има голем пад на температурите и веќе од петок минималните температури ќе бидат и рано зимски и речиси насекаде ќе се спуштат под 10 степени додека на некои места дури и под 5 степени а во Беровскиот регион и до близу нулата.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

СТУДЕН БРАН ДОАЃА НА БАЛКАНОТ: МОЖНО ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Како што веќе најавивме значително постудениот воздух од север и од северозапад започна да го зафаќа најпрвин северен Балкан а понатаму ќе се спушта кон југ па така кај нас ќе сигне некаде среда навечер па така од четврток ќе имаме значително посвежо време и температурите на воздухот кај нас ќе паднат дури за околу па и заповеќе од 10 степени и истите ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината. Исто така овој студен бран ќе донесе и врнежи од дожд во поголем дел од Балканот а кај нас повремени локални врнежи ќе има во среда и четврток.

Поради големиот пат на температурите на воздухот на високите планински места од Балканскиот Полусотров не се исклучува можноста за провејување на снег.

Има можност за слабо провејување на снег и на највисоките планински врвови во државава. Особено студено ќе биде од петок наутро кога речиси насекаде минималните температури на воздухот ќе паднат под 10 степени а на оние населени места каде што вообичаено е најсудено како што е Беровско истите ќе паднат и под 5 степени а има можност да се спуштат и блиску до нулата.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА И ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Почнувајќи од среда особено попладнето и вечерта од север и северозапад кон нашата територија ќе започне да се спушта значително постуден воздух а истиот ќе биде придружен со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Исто така од среда попладне па и во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб а понекаде и со умерен интензитет особено во западните предели а ќе има услови и за ретки грмежи.

Во среда иако посвежо во текот на денот сеуште ќе биде релативно топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени додека посвежо со пониски температури на воздухот ќе има во западните предели.

Значително пониски температури на воздухот ќе има во четврток кога максимумот на истите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Особено свежо па дури и студено во утринските часови ќе биде од петок кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени додека во Беровско истата е можно да се спуши и близу 0 степени.

Да напоменеме дека за време на овој студен бран не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее и малку снег.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО

Продолжува период на релативно топло и сончево време но веќе утре (19.09.2017) во текот на денот ќе има мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец кој ќе биде предзнак з апромена на времеската состојба од среда па натаму која ќе предизвика повремени врнежи и големо заладување но за ова детална и најнова анализа до крајот на денов.

Максимумот на температурите на воздухот денес ќе се искачат во интервалот од 27 до 36 степени доеека утре (вторник) од 26 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ТОРНАДО ВО СРБИЈА: РАЗОРНО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ГОЛЕМИ ШТЕТИ

Паднати дрвја, големи штети и паднати кровови. Таква е сликата во Соседна Србија од вчерашното страшно невреме кој го зафате северот и западот на оваа земја. Олујниот ветер кој дувал во овј дел на државата носел се пред себе и предизвикал големи материјални штети.

Страшниот олуен систем кој од Босна и Хрватска се преместуваше кон овој дел на државата освен олујни ветришта со себе носеше и поројни дождови, силни грмежи и град.

Во продолжение погледнете ги неколкуте застрашувачки видеа:

https://www.youtube.com/watch?v=GWpNlxsvhNk

 

https://www.youtube.com/watch?v=UVzWKBL8NGg

 

https://www.youtube.com/watch?v=UVzWKBL8NGg

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ БЕСНЕЕ ВО БОСНА – СЕ ДВИЖИ КОН СРБИЈА

Во моментов ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ од Босна ќе навлезе во северниот и западниот дел на соседна Србија.

Ова невреме со себе носи: Интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и град локално со поголема величина. Сето ова е поради спуштање на студен воздух од север кој директно се судира со многу топлиот кој моментално се наоѓа над Балканскиот Полуостров.

За среќа ова големо невреме нема да ја зафати Македонија. Сепак ние треба да ја спремаме потоплата облека затоа што студениот бран кај нас ќе започне да продира од средината на новата недела која доаѓа.

Нови и детални информации околу ова наскоро.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ЗИМАТА КАКО ДА САКА ПОРАНО ДА ДОЈДЕ: ПАДНА СНЕГ И ВО СЛОВЕНИЈА

Во текот на изминатата ноќ изразената нестабилност која помина над северен и северозападен балкан предизвика позначителен пад на температурите па така овој пад на температурите на воздухот условија врнежите од дожд на Словенските планини да поминат во врнежи од снег со што дојде и до формирање на снежна покривка. Снег паѓаше на Кредарица.

Сепак мора да напонеме дека ова е сосеба вообичаена појава з аовој дел од годината затоа што ние се наоѓаме на таква местоположба што сме на директен удар и на арктичкиот студен воздух но и на Афричкиот топол воздух.

Во продолжение погледнете ја снежната идила од Словенските планини:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба кај нас следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ