НАДПРОСЕЧНО ТОПОЛ ПЕРИОД, СУША И МНОГУ СОНЦЕ!

Почитувани граѓани продолжува периодот на стабилно, сончево и МНОГУ ТОПЛО време. Особено топло ќе биде во недела и во понеделник и тоа поради веќе најавениот Африкански бран и тие два дена максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени под сенка додека на сонце истите веќе напоменавме дека ќе бидат многу повисоки.

Во вторник поради северниот ветер кој ќе се појави во поголемиот дел од државава ќе предизвика само мало освежување на времето.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

ВИСТИНСКО ЛЕТО: ДОАЃА НОВ АФРИКАНСКИ БРАН!

Почнувајќи од овој викенд поточно особено од недела па се до вторник поради многу топла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури на воздухот овие три дена ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени (под сенка) додека на сонце температурите ќе бидат МНОГУ повисоки. Во вторник попладне и навечер ќе започне да дува северен ветер на повеќе места и во среда ќе услови само мал пад на температурите.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА МЕТЕОРОЛОГОТ КОСТАДИН ПАВЛОВ

Почитувани граѓани и сограѓани со оглед на тоа дека пред нас е ПОДОЛГ период на СУША, стабилно, сончево, суво и се потопло време предупредувам дека особено во нашата источната половина на државава како и на југоистокот поради невообичаено високите температури кои се очекуваат (над 35 степени, локално и близу 40 степени под сенка) на сонце и МНОГУ ПОТОПЛО постои можност за појава на локални пожари па затоа ве советувам за крајна претпазливост овој перио од 10тина дена. Секако освен на југоистокот и истокот ваква појава е можна и во останатите предели на државава.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ како и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

МЕТЕОРОЛОГОТ СЛАВЧО ПОПОСКИ: ТРЕБА ДА БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ НА ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: СТУДОВИ, ГОРЕШТИНИ, ПОПЛАВИ И СУШИ!

Почитувани граѓани во последните 2-3 години сме сведоци на многу невообичаени времени појави како на пример: Интензивни врнежи, поплави, екстремни студови и топлини како и појава на Антициклони и суши. Многу ќе речат дека ова е дело на HAARP системот. Не е! Во оваа ситуација се работи на нормални климатски појави.

Глобалното затоплување и Заладување како и ледената доба која често се споменува во јавноста е нормален период низ кој земјата поминува. Од секогаш сме имале појава на екстремни студови и топлини, поплави, големи снегови и големи суши а вакви појави ќе имаме и во иднина затоа нашата цел е реално да ги информираме на граѓаните за тоа што се случува со климата и дека системот HAARP моментално нема влијание кај нас и дека сите природни појави како поплави, суши, екстремни студови и топлини сме ги имаче многу одамна и ќе ги имаме и во иднина.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА НА СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Почитувани граѓани со оглед на тоа дека во слединот подолг период времето ќе биде стабилно, сончево, суво и се потопло Биометеоролошките услови ќе бидат нешто поповолни што значи граѓаните нема да чувствуваат многу тегоби и здравствени проблеми.

Сепак метеопатите можно е да имаат повремени тегоби и здравствени проблеми и тоа поради големата разлика на утринските и на дневните температури кој имаат разлика дури од околу 20 степени што е огромна.

Доколку се појават овие здравствени проблеми истите ќе осеќаат повремена главоболка, нервоза и несоница како и болки во коските и на местата на старите рани.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НЕМА КРАЈ НА ЛЕТОТО: ЦЕЛИОТ БАЛКАН ГО ЧЕКА ПЕКОЛ И СУША!

Почитувани наши граѓани според најновите анализи на времето направени денес освен нашата држава суша и многу високи температури на воздухот ќе го зафатат целиот Балкански Полуостров во следниот подолг временски период (период од речиси 10тина дена) што значи над целиот Балкан времето ќе биде стабилно, сончево и МНОГУ ТОПЛО време со мали исклучоци во некои деновикога ретко е можна мала нестабилност но тоа не би били ништо осбено.

Температурите на воздухот кој се очекуваат ширум Балканскиот Период во следниот период на многу места ќе се искачат до околу па и над 35 степени додека локално се очекуваат температури дури и до околу 40 степени. Да напоменеме дека овие температури се мерат под сенка додека на сонце истите се многу повисоки.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ СЛАВЧО ПОПОСКИ: МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА СУША И АФРИКАНСКИ БРАН!

Почитувани граѓани во следниот ПОДОЛГ период или поточно период од 10тина дена над северните предели на Европскиот Континент ќе владее циклонален период кој ќе носи значително посвежо време и врнежи и истите циклони ќе се поместуваат од северна Европа кон исток или поточно кон североисточна Европа.

Ваквата ситуација кај нас слободно ќе условува да продира значително потопол воздух од северните предели на Африка а покрај тоа ќе владее и Антициклонален период што значи пред нас е релативно сушен период што значи во следните 10тина дена некој битни врнежи нема да има во Македонија а температурите на воздухот од ден на ден ќе се покачуваат.

Особено високи максимални температури на воздухот Африканскиот бран ќе донесе веќе од недела па и во текот на следната недела и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА РАБОТА И ВАДЕЊЕ: СУШЕН ПЕРИОД И ПРЕТСТОИ НА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани граѓани поради веќе споменатиот силен Антициклон на територијата на нашата држава барем според моменталните анализи во следните 10тина дена некој битни врнежи нема да има што значи времето ќе биде претежно сончево, стабилно и суво па поради тоа ги информираме граѓаните (особено земјоделците) да бидат спремни за работа и за вадење на своите земјоделски култури затоа што врнежите и тоа како ќе и недостасуваат на почвата.

Исто така поради нов Африкански бран температурите од ден на ден ќе бидат се повисоки.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

 

НАЈАВА ЗА МНОГУ НИСКИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ! НАУТРО ОБЛЕКУВАЈТЕ СЕ УБАВО!

Почитувани граѓани во следните денови утрата ќе бидат МНОГУ СВЕЖИ па дури и СУДЕНЕ па така на повеќе места утринските температури ќе се спуштат до 10 па и под 10 степени а во најстудените градови како Берово истите се очекува да се спуштат до околу па дури и под 5 степени што значи во следните денови доколку излегувате рано наутро со себе да си понесете потопла облека.

Овие ниски температури ќе бидат предизвикани од ведрите ноќи и утра.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: СИЛЕН АНТИЦИКЛОН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ НАШАТА ДРЖАВА!

Во следните денови поради силен Антициклон кој ќе ја зафати нашата држава како и поголем дел од Европскиот Континент времето ќе биде сончево, стабилно и суво со потепен пораст на температурите на воздухот.

Според моменталните анализи со кој располагаме нов Африкански бран нашата територија ќе започне да ја зафаќа веќе од викендот кој ни доаѓа.

Детални информации следуваат наскоро.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ