ЦИКЛОН ВО НЕДЕЛА ЌЕ ДОНЕСЕ ВРНЕЖИ И ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Во недела (03.09.2017) под влијание на циклонска активност од Средоземјето времето во нашата држава ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со поројни врнежи од дожд и грмежи особено попладнето. Локално процесите можно е да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, сили електрични празнења, силен ветер и град.

Ќе дува засилен ветер и тоа во западните предели од југоѕападен а во источните од јужен правец додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 29 до 36 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ