АФРИКАНСКИ БРАН!

До сабота под влијание на многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка времето во нашата држава ќе се задржи претежно стабилно и суво односно сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени додека најтопол ден ќе биде сабота кога температурите ќе се искачат во интервалот од 30 до 37 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ