НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ОЧЕКУВА

Почнувајќи од денес па се до сабота во нашата држава следува период на претежно стабилно, сончево а поради продор на нова топла воздушна маса од југ и се потопло. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст додека рано наутро ќе биде релативно свежо.

Во следните неколку денови максималните дневни температури на воздухот речиси насекаде ќе се искачуваат над 25 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат до околу 35 степени. Најтопол ден ќе биде сабота кога максимумот на температурата на воздухот ќе се искачи во интервалот од 30 до 37 степени.

Сепак да напоменеме дека денес сеуште повеќе облачност ќе има во југоисточните предели на државава каде ќе има услови за слаб локален дожд.

За нови, детални а по потреба и обновени прогнози следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ