ПРИСТИГНУВА ГОЛЕМАТА ПРОМЕНA НА ВРЕМЕТО

Во овие претпладневни часови локални врнежи од дожд има во северните и во југоисточните предели.

Денес (29.08.2017) под влијание на значително посвежа воздушна маса која се спушта од север времето во државава ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на некои места повремено ќе се засилува по интензитет додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 21 до 30 степени додека на југоисток истите е можно да се искачат само малку над 30 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ