НАЈАВА ЗА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ (ЗАЛАДУВАЊЕ)!

Во текот на ноќта кон утрешниот ден (среда) поради разведрувањето кое ќе го има на повеќе места ќе има и понатамошен пад на температурите на воздухот па така утре (30.08.2017) наутро ќе биде МНОГУ СВЕЖО локално и СТУДЕНО па така на повеќе места температурите ќе паднат до околу 10 степени додека во најстудените населени места како што е Берово температурата ќе падне дури до околу 6 степени.

Сепак повеќе облачност и понатаму ќе се задржува во јужните и во
југоисточните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ