24/7 ЗА ВАС: НАЈНОВА АНАЛИЗА ОКОЛУ ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО!

Почитувани граѓани според моменталните анализи кој ги направивме за вас го кажуваат следново: Денешниот понеделнички ден ќе ни донес еповторно стабилно, сончево и многу топло време со умерена локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе се засилува по интензитет.

Во вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник облачноста од север ќе започне да се зголемува и во северните предели ќе има услови за локална нестабилност проследена со дожд и грмежи.

Во вторник (29.08.2017) времето ќе биде променливо облачно, ветровито и посвежо со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Локално особено попладнето ќе има услови за нестабилност проследена со грмежи. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ