НАЈНОВА АНАЛИЗА: ОД ВЕЧЕРВА ОВА МОЖЕ ДА ГО ОЧЕКУВАМЕ

Во текот на денешниот ден (28.08.2017) времето во државава ќе се задржи сончево и понатаму многу топло но во попладневните часови со умерена локална облачност и сло слаб до умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец.

Од вечерните часови од север облачноста ќе започне да се зголемува па така навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (вторник) во северните предели ќе има услови за локален дожд и услови за грмежи.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 30 до 37 степени.

За нови, детални и обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ