НАЈНОВА АНАЛИЗА: ОД ВЕЧЕРВА ОВА МОЖЕ ДА ГО ОЧЕКУВАМЕ

Во текот на денешниот ден (28.08.2017) времето во државава ќе се задржи сончево и понатаму многу топло но во попладневните часови со умерена локална облачност и сло слаб до умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец.

Од вечерните часови од север облачноста ќе започне да се зголемува па така навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (вторник) во северните предели ќе има услови за локален дожд и услови за грмежи.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 30 до 37 степени.

За нови, детални и обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЈНОВО КАЈ НАС: ПОГЛЕДНЕТЕ ДАЛИ И КОЛКУ ДОЖД ЌЕ ПАДНЕ ВО ВАШЕТО НАСЕЛЕНО МЕСТО!

Почитувани граѓани на следната метеоролошка карта можете да погледнете кој и колку дожд ќе добијат деловите од нашата држава Македонија во вторник:

Сепак според новите анализи делови од Македонија ќе останат и без врнежи.

За нови, детални и по потреба обновени информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

24/7 ЗА ВАС: НАЈНОВА АНАЛИЗА ОКОЛУ ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО!

Почитувани граѓани според моменталните анализи кој ги направивме за вас го кажуваат следново: Денешниот понеделнички ден ќе ни донес еповторно стабилно, сончево и многу топло време со умерена локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе се засилува по интензитет.

Во вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник облачноста од север ќе започне да се зголемува и во северните предели ќе има услови за локална нестабилност проследена со дожд и грмежи.

Во вторник (29.08.2017) времето ќе биде променливо облачно, ветровито и посвежо со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Локално особено попладнето ќе има услови за нестабилност проследена со грмежи. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ