НАЈНОВА АНАЛИЗА: ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА КАЈ НАС!

Утре (28.08.2017) времето во нашата држава и понатаму ќе се задржи претежно сончево и многу топло во попладневните часови со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено на некои места ќе се засилува по интензитет.

Во вечерните часови како и во текот на ноќта кон вторник од север облачноста ќе се зголемува и тоа поради спуштање на фронтално пореметување и особено во северната половина ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи.

И утре (понеделник) ќе се задржи многу топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ