ВТОРНИК НИ НОСИ ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА!

Во среда (29.08.2017) под влијание на влажна и посвежа воздушна маса од север времето во државава ќе биде претежно облачно и свежо на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер кој Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен по интензитет.

Температурите на воздухот значително ќе опаднат (понекаде за дури околу 10тина степени) и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека во западните и северните предели температурите ќе бидат значително пониски.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ