ВТОРНИК НИ НОСИ ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА!

Во среда (29.08.2017) под влијание на влажна и посвежа воздушна маса од север времето во државава ќе биде претежно облачно и свежо на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер кој Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен по интензитет.

Температурите на воздухот значително ќе опаднат (понекаде за дури околу 10тина степени) и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека во западните и северните предели температурите ќе бидат значително пониски.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА КАЈ НАС!

Утре (28.08.2017) времето во нашата држава и понатаму ќе се задржи претежно сончево и многу топло во попладневните часови со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено на некои места ќе се засилува по интензитет.

Во вечерните часови како и во текот на ноќта кон вторник од север облачноста ќе се зголемува и тоа поради спуштање на фронтално пореметување и особено во северната половина ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи.

И утре (понеделник) ќе се задржи многу топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

НАЈНОВО КАЈ НАС: ЗА ВРЕМЕ НА НАЈАВЕНАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ ДОЖД ЌЕ НАВРНЕ ВО ВАШЕТО МЕСТО!

Почитувани граѓани досега се што баравте од нас го добивате а тоа е: Дали и колку дожд ќе падне во вашето населено место.

Токму поради тоа решивме на сите вас да ве изненадиме со нашите најнови информации а тоа е тоа што сит едосега го баравте.

За време на најавената промена на временската состојба која ќе се случи кај нас особено во вторник па на следната метеоролошка карта можете да погледнете каде точно и колку дожд ќе наврне во вашето населено место:

Да напоменеме дека е според моменалните анализи кои ги направиме околу времето а нови анализи следуваат утре (недела).

 

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ