НАЈНОВА ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ЕВЕ ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ

За време на овој викенд како и во понеделник во нашата држава и понатаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво и многу топло време и тоа поради продор на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Денес (сабота) максималните дневни температури ќе се искачат во интервалот од 29 до 36 степени додека утре (недела) и во понеделник истите ќе се искачат во интервалот од 30 до 38 степени под сенка додека на сонце истите ќе бидат МНОГУ повисоки.

Промена на времето ќе има во вторник. Детали наскоро.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ