ПРВАТА НЕДЕЛА НА СЕПТЕМВРИ: ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ И СНЕГ НА ВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ ИЛИ ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ЛЕТОТО!?

Почитувани сеуште е неизвесно што ќе се случува на првата недела на септември месец затоа што додека метеоролошкиот модел GFS црна продолжение на топлото време и на летото метеоролошкиот медиум ECMWF црта сосема друга ситуација а тоа е големо заладување, температури далеку под просекот а на високите планини и снег. Ваквата ситуација е навистина неизвесна па барем засега за првата недела на септември месец не може да се даде никаква прогноза.

Кој најпрецизен метеоролошки модел ќе победи, дали GFS или пак ECMWF?! Останува да видиме во следните аланизирања на времето што значи навремено за се ќе бидете информирани.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

НАДПРОСЕЧНО ТОПОЛ ПЕРИОД, СУША И МНОГУ СОНЦЕ!

Почитувани граѓани продолжува периодот на стабилно, сончево и МНОГУ ТОПЛО време. Особено топло ќе биде во недела и во понеделник и тоа поради веќе најавениот Африкански бран и тие два дена максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени под сенка додека на сонце истите веќе напоменавме дека ќе бидат многу повисоки.

Во вторник поради северниот ветер кој ќе се појави во поголемиот дел од државава ќе предизвика само мало освежување на времето.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

 

ВИСТИНСКО ЛЕТО: ДОАЃА НОВ АФРИКАНСКИ БРАН!

Почнувајќи од овој викенд поточно особено од недела па се до вторник поради многу топла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури на воздухот овие три дена ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени (под сенка) додека на сонце температурите ќе бидат МНОГУ повисоки. Во вторник попладне и навечер ќе започне да дува северен ветер на повеќе места и во среда ќе услови само мал пад на температурите.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ