АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ СЛАВЧО ПОПОСКИ: МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА СУША И АФРИКАНСКИ БРАН!

Почитувани граѓани во следниот ПОДОЛГ период или поточно период од 10тина дена над северните предели на Европскиот Континент ќе владее циклонален период кој ќе носи значително посвежо време и врнежи и истите циклони ќе се поместуваат од северна Европа кон исток или поточно кон североисточна Европа.

Ваквата ситуација кај нас слободно ќе условува да продира значително потопол воздух од северните предели на Африка а покрај тоа ќе владее и Антициклонален период што значи пред нас е релативно сушен период што значи во следните 10тина дена некој битни врнежи нема да има во Македонија а температурите на воздухот од ден на ден ќе се покачуваат.

Особено високи максимални температури на воздухот Африканскиот бран ќе донесе веќе од недела па и во текот на следната недела и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА РАБОТА И ВАДЕЊЕ: СУШЕН ПЕРИОД И ПРЕТСТОИ НА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани граѓани поради веќе споменатиот силен Антициклон на територијата на нашата држава барем според моменталните анализи во следните 10тина дена некој битни врнежи нема да има што значи времето ќе биде претежно сончево, стабилно и суво па поради тоа ги информираме граѓаните (особено земјоделците) да бидат спремни за работа и за вадење на своите земјоделски култури затоа што врнежите и тоа како ќе и недостасуваат на почвата.

Исто така поради нов Африкански бран температурите од ден на ден ќе бидат се повисоки.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

 

НАЈАВА ЗА МНОГУ НИСКИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ! НАУТРО ОБЛЕКУВАЈТЕ СЕ УБАВО!

Почитувани граѓани во следните денови утрата ќе бидат МНОГУ СВЕЖИ па дури и СУДЕНЕ па така на повеќе места утринските температури ќе се спуштат до 10 па и под 10 степени а во најстудените градови како Берово истите се очекува да се спуштат до околу па дури и под 5 степени што значи во следните денови доколку излегувате рано наутро со себе да си понесете потопла облека.

Овие ниски температури ќе бидат предизвикани од ведрите ноќи и утра.

За нови и детални информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НАЈНОВА АНАЛИЗА: СИЛЕН АНТИЦИКЛОН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ НАШАТА ДРЖАВА!

Во следните денови поради силен Антициклон кој ќе ја зафати нашата држава како и поголем дел од Европскиот Континент времето ќе биде сончево, стабилно и суво со потепен пораст на температурите на воздухот.

Според моменталните анализи со кој располагаме нов Африкански бран нашата територија ќе започне да ја зафаќа веќе од викендот кој ни доаѓа.

Детални информации следуваат наскоро.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ